Македонија
17. February 2020 - 15:27

Беџети: Изборите на 12 април ќе ја донесат долгоочекуваната промена во земјата

 Со распуштањето на Собранието, се отвори патот за изборите на 12 април, што без сомнение ќе ја донесат долгоочекуваната промена во земјата и дека албанската владејачка партија имала повеќе од доволно време да се докаже и да им помогне на Албанците кои со години ги третира само како гласови за да се обезбедат самите себеси и ништо повеќе.Ова го истакна на денешната прес-конференција портпаролот на Алијанса за Албанците, Флакрон Беџети.

– Народот веќе не може да се манипулира затоа што се свесни дека само со ДУИ не завршуваат политичките монтирани случаи против Албанците, додека виновниците за малтретирање со ДУИ секогаш остануваат неказнети. Започнувајќи со бегството на Никола Груевски, не притворањето на Гордана Јанкуловска, спасувањето на Трајко Велјановски за 27 април, ослободителната пресуда за убиството на Алмир, инкриминираните пратеници на ДУИ во кривични дела како што е случајот со Џеват Адеми, Ејуп Алими се само неколку од јавните случаи за кои народот знае дека ДУИ е одговорна со нејзините инсталирани судии и обвинителите кои спроведуваат селективна правда во земјата. ДУИ не успеа да реализира економски развој, држејќи го историскиот рекорд на неуспеси за капиталните инвестиции, рече Беџети.

Беџети подвлече дека економијата прави регрес во албанските населби, додека невработеноста кај младите во Македонија го зазема третото место во светот, а од друга страна албанската невработеност во земјата е алармантна и далеку од процентот што го обврзува уставот, со што за резултат се зголемува стапката на миграција.

– Агенцијата за млади и спорт, како и Агенцијата за просторно планирање на лидерско ниво и натаму се 0 отсто Албанци и 100 отсто Македонци вработени. Врховниот суд има 88,9 отсто вработени Македонци и 0 отсто Албанци. Државниот завод за статистика 90,1 отсто Македонци и само 3,3 отсто Албанци, Институт за стандардизација 100 отсто Македонци и 0 отсто Албанци. Ниту државните управи и министерствата не ја почитуваат соодветната застапеност на Албанците каде ако ги собереме сите, вклучително и манипулацијата со етничката припадност, излегува дека само околу 12 отсто од вкупниот број вработени во јавната администрација се Албанци, вели тој.

Портпаролот на Алијансата за Албанците обвинуваа дека државните фондови и субвенциите се однесуваат само на оние што се на власт, и оти ДУИ не успеала да обезбеди училишта и образование на албански јазик во многу населени места како што се Чашка, Блаце, Идризово, Визбегово, Битола, Мала Речица и многу други населби.

Портпаролот Беџети најави дека во наредните денови одделите на Алијансата за Албанците ќе ги направат транспарентни сите детали за неуспесите на соодветните министерства