Балкан
28. September 2016 - 18:26

Бан Ки-мун: Ситуацијата во Алепо е „полоша отколку во касапница“

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун денеска изјави дека оние кои користат „се подеструктивно оружје“ во Сирија, вршат воени злосторства и предупреди дека ситуацијата во сирискиот град Алепо е „полоша отколку во касапница“.

Бан ги осуди нападите врз двете најголеми болници во Алепо во квартови, кои се под контрола на бунтовниците, нарекувајќи ги „воени злосторства“.

- Јасно е дека оние кои користат се подеструктивни оружја точно знаат што прават. Тоа значи дека вршат воени злосторства, истакна Бан во Советот за безбедност на ОН.

Болнички извори тврдат дека руски или сириски воени авиони денеска уништиле голема болница во Алепо.