Македонија
11. August 2024 - 16:46

Балканските тури атракција и ова лето

Балканските тури атрактивни и оваа сезона.Илјадници туристи од Полска, Турција, Америка, Јапонија, Кина се дел од таканаречените кружни  тури кои посетуваат неколку земји во пакет меѓу кои е и Македонија со главниот туристички центар. Тие тука се задржуваат до два дена посетувајќи ги природните убавини и културно историските споменици.

Тур операторите кои работата со инкаминг туризам постојано освојуваат нови пазари и на туристите им нудат поинакви уникатни искуства специфични за овој предел.

Според туристичките работници ваквите кружни тури во чиј склоп се нуди и Охрид се можност за промоција, но потребно е да  се  работи на подобрување на понудата и инфраструктурата.