Балетскиот спектакл „Оревокршачка“ на мраз на 24 ноември во Скопје
Државниот балет на мраз од Санкт Петербург повторно во Македонија, овој пат со изведба на претставата „Оревокршачка“ од Петар И. Чајковски.
Претставата ќе биде изведена на сцената на Македонската опера и балет на 24 ноември.
Станува збор за балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.
Минатата година, Државниот балет на мраз гостуваше со изведба на познатото балетско ремек-дело „Лебедово Езеро“ и побуди голем интерес кај македонската публика.
Токму поради тоа наместо планираните две претстави во МОБ, се одржаа четири, кои беа наградени со громогласни аплаузи и овации.
Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 година од извонредниот кореограф Константин Бојарски и претставува успешно продолжение на традиционалната руска школа за класичен балет. Бојарски бил поранешен солист на светски познатиот балет „Марински“ и школски другар на славниот Рудолф Нуреев. Играл со Михаил Баришњков и Наталија Макарова. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, познат руски диригент.
Во балетската компанија има повеќе од дваесет танчари што имаат титули во уметничко лизгање. Од 1995 година балетот на мраз од Санкт Петербург игра и на сцените на светските оперски и балетски куќи. На нивниот репертоар се познатите балети на Петар И. Чајковски „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.
Сите изведби ги поставува кореографот Константин Расадин. Оваа балетска компанија првпат ги постави класичните балети во класични костими и сценографија на мраз инсталирана на сцена на театар. Во последните години овие продукции успешно се претставени на сцените на САД, Канада, Европа, Кина...
Овој настан е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Билетите за „Оревокршачка” ќе бидат пуштени во продажба во среда и може да се набават преку продажната мрежа на „КупиКартиЗаСе” низ цела Македонија, Билетарата на МОБ, во „Пола Југотон“, „Југотон“, Цвеќара „Розе” - Веро 2“, како и онлајн на www.kupikartizase.com.
Ново на Сител
-
Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
-
Синот на Трамп објави монтирано видео од неговиот татко како го клоца Зеленски во глава
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Кривична пријава против три физички и две правни лица, го оштетиле државниот буџет за 5,768,612 денари
-
Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите и на помирување
-
Андоновски: Фокусот не треба да биде на забрана на апликациите, туку на едукација на децата и родителите