Бајден: САД наскоро ќе испратат војници во Источна Европа
Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа изјави дека „наскоро“ ќе испрати мал број свои војници во Источна Европа поради тензиите со Москва околу Украина.
– Наскоро ќе испратам американски војници во источна Европа и земјите на НАТО. Не многу, истакна американскиот претседател пред новинарите додека излегуваше од авионот по враќањето од патувањето во Пенсилванија.
САД веќе имаат 8.500 војници кои се ставени во подготвеност за зајакнување на НАТО силите.
Бајден повтори дека не станува збор за испраќање американски војници во Украина, која не е членка на Алијансата
Испраќањето војници во источните земји претставува дополнително средство за притисок врз рускиот претседател Владимир Путин, за кого САД веруваат дека може да ја нападне Украина следниот месец.
Ново на Сител
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина