Бајден разговараше со партнерите од Блискиот Исток за да се постигне уште еден договор за заложниците во Газа
Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со своите колеги од Египет и Катар пред патувањето на директорот на ЦИА, што треба да резултира со договор за ослободување на уште заложници кои ги држеше Хамас, во замена за пауза во борбата против Израел во Појасот Газа.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека Бајден разговарал со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и со владејачкиот емир на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани. Тој додаде дека разговорите иако биле конструктивни, „не треба да очекуваме некаков итен развој“.
„Продолжуваме да правиме се што можеме за да олесниме уште еден договор за заложниците, исто како што направивме во ноември“, додаде Кирби.
Директорот на ЦИА Бил Бернс наскоро во Европа треба да се сретне со Дејвид Барни, шеф на израелската разузнавачка агенција Мосад, со катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и со шефот на египетската разузнавачка служба Абас Камел, пренесуваат странските агенции.
Состанокот ќе биде за ослободување на заложниците во замена за пауза во непријателствата. Администрацијата на Бајден се надева дека договорот може да доведе до продолжен прекин на огнот што на крајот може да доведе до завршување на конфликтот, рече еден американски функционер.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат