Свет
16. јуни 2021 - 21:28

Бајден: Американско-руските односи мора да бидат стабилни и предвидливи

Американско-руските односи мора да бидат стабилни и предвидливи, изјави американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по средбата во Женева со неговиот руски колега Владимир Путин.

Бајден оцени дека тој, и претседателот на Русија Владимир Путин споделуваат заедничка одговорност во однос на воспоставувањето постабилни односи на двете силни земји.

На почетокот на прес конференцијата во Женева, Бајден констатираше дека денеска бил долг ден за сите.

– Само што го завршив последниот состанок на ова патување. Се крена многу прашина околу оваа средба. Не постои подобар начин за дијалог освен лице в лице, потенцираше Бајден.

Тој нагласи дека му рекол на рускиот лидер Владимир Путин дека човековите права секогаш ќе бидат тема. Бајден нагласи дека му рекол на Путин дека неговата агенда не е против Русија или која било друга земја, туку агенда за американските граѓани, вклучително и борба против пандемијата на коронавирусот, закрепнување на американската економија, обновување на односите. Со сојузници и пријатели на САД низ целиот свет, заштитувајќи ги американските граѓани.

– Сакам претседателот Путин да разбере зошто го зборувам она што го зборувам и зошто го правам тоа што го правам, рече Бајден за несогласувањата со неговиот руски колега. – Му кажав на Путин дека мојата програма не е против Русија или против кој и да е друг, туку за американскиот народ, истакна Бајден. – Човековите права се она што сме ние како Американци, потенцира Бајден.

– Како може јас да бидам претседател на Соединетите Американски Држави а да не зборувам за прекршување на човековите права, вели Бајден.

Тој оцени дека со Путин постигнале многу за време на состаноците во Женева. Тој посочи дека зборувале за човековите права, како и за затворањето на опозицискиот лидер во русија Алексеј Навални. – Ако Навални умре во затвор, последиците за Русија би можеле да бидат поразителни, оцени американскиот претседател.

Претседателот на САД го покренал и прашањето за ослободување на двајца поранешни американски маринци, Пол Вилан и Тревор Рид, кои моментално се наоѓаат во руски затвор.

Тој оцени дека последна работа која Путин ја посакува е нова студена војна.

Бајден изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин детално разговарале за следните чекори што треба да ги преземат двете земји за мерки за контрола на оружјето за да се намали ризикот од војна.

Говорејќи на прес-конференција, Бајден рече дека дипломатите и воените експерти од двете земји ќе се состанат како дел од, како што рече, дијалогот за стратешка стабилност за да се постават темелите за идните мерки за контрола на оружјето и намалувањето на ризиците. Тој не кажа кога ќе започнат разговорите.

Идејата е да се изработи начин да се подготват преговори за договор за контрола на оружје што ќе го наследи договорот Нов СТАРТ што истекува во 2026 година.

На својата прес-конференција, американскиот претседател го опиша тонот на самитот со Путин како позитивен. Тој, сепак, додаде дека го предупредил Путин за какво било мешање во изборите во САД.

– Јас јасно објаснив дека нема да толерираме обиди за кршење на нашиот демократски суверенитет или за дестабилизација на нашите демократски избори и дека ќе одговориме на ваквите обиди

Тој рече дека поголемиот дел од времето разговарал со Путин за кибер безбедноста.

Зборувале и за заедничката работа во односите со Иран и за повлекувањето на американската војска од Авганистан.

Што се однесува на Украина, Бајден изрази непоколеблива посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Тонот на Самитот Бајден го опиша како позитивен и оцени дека го направил она за кое дошол.

Коментирајќи го времетраењето на средбата, која траеше три чеса, што е помалку отколку што предвиде Белата куча, Бајден нагласи дека состанокот на двајцата челници е извонреден подвиг, без оглед на времетраењето.

– Знам дека надворешната политика изгледа како голема вештина која дејствува како таен код. Сета надворешна политика всушност е логично проширување на личните односи. Тоа е начинот на кој човековата природа функционира, оцени Бајден.

Прашан за коментарот на Путин, кој кога зборуваше за ограничените политички слободи во неговата земја, посочи на нередите во американскиот Конгрес и истакна дека не сака такво нешто во Русија, Бајден со насмевка рече дека станува збор за смешна споредба. „Луѓето се побунија и влегоа во Конгресот со политички барања. Ним им се закануваа затворски казни од 20 до 25 години … Од која причина, сè уште не знам. Сочувствуваме со она што се случува во САД, но не сакаме тоа да се случи во Русија“, рече претходно Путин.

– Од една страна имате криминалци кои се обидуваат да го преземат Капитол, а во Русија има луѓе кои мирно протестираат и луѓе кои не смеат слободно да зборуваат, објасни Бајден.

Тој не одговори на прашањето дали го „преиспитал“ својот коментар дека Путин „нема душа“ по средбата. Таа забелешка американскиот претседател ја даде порано, по средбата во 2011 година.

Наместо тоа Бајден само ги стави очилата за сонце и почна да се оддалечува од подиумот, заблагодарувајќи им се на новинарите.

Но, при излегувањето, запре по прашањето од еден новинар во врска со промена на однесувањето на Путин. Бајден рече дека тоа е погрешна интерпретација на неговите коментари.
– Не сум сигурен дека ќе го смени своето однесување. Глобалниот одговор на руските акции ќе извршат притисок врз Путин да се промени, заклучи Бајден.

Бајден имаше прес-конференција по прес-конференција што ја даде Путин по крајот на самитот. И додека Путин ја даде својата прес-конференција во Вила Ла Гранж, каде што се одржуваше самитот, Бајден веќе замина.