Бабиќ: Наидовме на најдобрата Татабања оваа сезона
Еурофарм Пелистер по третпат сезонава загуби европски натпревар, откако вчера во Унгарија наиде на многу потежок отпор од Татабања и загуби со 25:21, во 9. коло од Европската лига.
Тренерот Жељко Бабиќ му честита на својот колега Драган Ѓукиќ и кажа дека неговата екипа многу се потрошила за да се справи со перфектната одбрана на Унгарците.
– Нивото на натпреварот беше високо, но ние потрошивме многу енергија во одбраната, не трчавме многу и не ги користевме брзите контри. Не е лесно да се игра „шест на шест“, тие играа цврста одбрана, со многу енергија и срце и затоа ни создадоа вакви проблеми. Не сум ја видел Татабања вака добра во одбрана оваа сезона, изјави Бабиќ.
Пелистерци беа силни ослабени, бидејќи на овој дуел играа без Обрадовиќ, Табоада, Велковски и Маркоски.
Ново на Сител
-
Протест во зоната на Визбегово
-
Земјоделците постигнаа времен договор
-
Преглед на вестите од светот
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ