Баба Алида од Сингелиќ наполни 114 години!

Слаба, збрчкана, повеќе во крвет но полна со живот. Вака изгледа баба Алида од Љуботен која наполни 114 години.
Како што пишува Дневник, таа е највозрасниот жител на Македонија, а веројатно и на Балканот. Таа е родена на 4 мај 1902 година во скопско Љуботен, а живее во Сингелиќ во своите синови, внуци и правнуци.
Роднините кои се грижат за неа велат дека е иста како пред две три години, збрчкана, слабичка, со топол поглед, и покрај возраста полна со живот. Секое утро јаде кисело млеко со шеќер, и не размислува за годините и староста.
Има 6 деца кои сама ги изгледала, 17 внуци, 19 правнуци, а сега и две нови правнучиња.
Нејзиниот внук за Дневник раскажува дека старицата повеќе е во кревет отколку на нозе поради годините, но не се предава. Киселото млеко со шеќер и е еликсир на младоста. Уште има желба да оди на аџилак.
Тој додава и дека некогаш не препознава никого, некогаш весело разговара со сите.
Нека и е среќен роденденот на бабичката!
Ново на Сител
-

Србија/Избори 2026 - Измина рокот за доставување изборни листи
-

Жесус: Роналдо кога сака може да се врати во репрезентацијата
-

Сензација во АБА лигата – ФМП ја победи Црвена Звезда
-

Стартни победи за Пелистер, Кожув и Работнички
-

„Безбеден град“ со вештачка интелигенција ќе регистрира возење без кацига
-

Хмара: Украинските сили онеспособија над 51 отсто од руските рафинериски капацитети за нафта
-

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт
-

Бразил во втор круг ќе избира претседател меѓу Болсонаро и Лула
