Азири: Џафери ја злоупотреби функцијата претседател на Собранието
Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците денеска на прес-конференција изјави дека смета оти ова што се случило во Собранието е класична злоупотреба на функцијата претседател на законодавниот дом, како и на двајцата пратеници кои се заразени со вирусот Ковид-19. Азири нагласи дека уште во четвртокот го известиле претседателот на Собранието дека ќе присуствуваат на 32. седница и со нивна поддршка веднаш ќе прешле на 36. седница на чиј дневен ред беа законите од петтиот пакет економски мерки.
– Ние како албанска опозиција со нашите пратеници бевме присутни и во четврток на свиканата 32. седница, иако за време на Ифтар, точно во 19:20 часот, непочитувајќи ја определбата на одредени пратеници кон сопствените верски убедувања за пости, сепак дојдовме. Таа вечер преку заменик координаторот на нашата пратеничка група од собраниската говорница го повикавме претседателот на Собранието за да појдеме на гласање, да ги брои присутните пратеници на седницата во четврток. Со присутните пратениците од мнозинството и со помош на нашите пратеници, 32. седница би била завршена и би прешле веднаш на 36. седница во која се законите од петтиот пакет мерки, рече Азири, додавајќи дека претседателот на Собранието Талат Џафери ништо од тоа не зел предвид.
Според него, единствена цел на претседателот Џафери и мнозинството во Собранието е да се прави медиумско шоу.
– Еден факт е дека, мислам 19. точка на дневен ред, односно точката за антикорупциската стратегија и таа точка се гласаше со 73 пратеници, што е доказ дека денеска немало потреба од страна на претседателот да се малтретираат нашите колеги што се заразени со Ковид-19, додаде Азири.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
