Автопортрет на Фрида изложен првпат по 25 години
Култниот автопортрет на мексиканската уметница Фрида Кало – „Диего и јас“, убедливо најскапата латиноамериканска слика во историјата, е изложена првпат по скоро 25 години во музејот во Буенос Аирес чиј сопственик ја купил.
„Диего и јас“ (Diego y yo) е автопортрет на Фрида Кало, со нејзиниот типично интензивен поглед, и со нејзиниот сопруг – сликарот Диего Ривера, насликан на нејзиното чело над веѓите. Тој бил близок со позната мексиканска глумица, што е причина за болката за Кало, изразена во нејзината слика. Делото коешто Фрида го насликала 1949 година, е купено лани во ноември, на аукција во Њујорк за рекордни 34,9 милиони долари. Дотогаш, најскапата слика од Латиноамериканец беше „Ривали“ од 1931., на Диего Ривера, продадена 2018 година, на наддавање за 9,76 милиони долари.
Едуардо Ф. Костантини, аргентински колекционер и основач на Музејот на латиноамериканска уметност во Буенос Аирес, најави дека делото од петок ќе биде поставено во склоп на изложбата „Трето око“ (Tercer Ojo).
– За мене Фрида е уникатна уметница. Таа имала драматичен живот којшто го раскажува без срам, спонтано и отворено. Мислам дека тоа е токму она што луѓето го сакаат кај неа, изјави вчера Костантини за оваа икона на феминизмот, која почина 1954 година, на 47-годишна возраст.
Изложбата ќе има 240 дела, многу од кои јавноста не ги видела речиси со десетлетија. „Диего и јас“ последен пат беше изложена во 1998 година.
Ново на Сител
-

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска
-

И во Кочани протест со палење гуми поради одземање на возила од полиција
-

Одземени возила од полицијата - причина за блокада на обиколницата над Битола
-

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
-

На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот, загрозувајќи ги животите на полицајците
-

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
