Австриската армија ќе помага во кризата со мигрантите
Повеќе од 500 австриски војници се ангажирани за справување со огромниот притисок на мигранти од Унгарија и од Италија, изјави австрискиот министер за одбрана Гералд Клуг.
Тој додаде дека армијата ќе обезбеди толкав број на војници колку што е потребно.
Војниците ќе помагаат во придружувањето на луѓето и снабдувањето на мигрантите, изградбата на бегалски камп и при организацијата на достава на храна.
- Во моментот војниците не се распоредени на границите на Австрија, Таква одлука ќе биде донесена само во краеб случај, истакна министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.
Австриската Влада го именува поранешниот банкара Кристијан Конард за миграциски координатор.
Австрија се соочува со бран мигранти од Унгарија и од Италија. Центарот за бегалци во Трајскирхен е преполн, а неколку стотици луѓе спијат на отворено.
Бројот на лица кои побарале азил во Австрија во последните месеци значително е зголемен. Од јануари до јуни се регистрирани повеќе од 28.3000 молби за азил, колку што вкупно имаше во 2014 година.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина