Австрија ги укинува контролите кон сите соседи, освен кон Италија
Австрија денеска ги укинува граничните контроли кон сите соседи, освен кон Италија, најави министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.
На вчерашната прес-конференција тој соопшти дека од денеска ќе бидат укинати граничните и здравствените контроли кон Германија, Лихтенштајн, Швајцарија, Словачка, Словенија, Чешка и Унгарија.
Лицата кои доаѓаат или се враќаат од овие седум земји веќе не подлежат на двонеделен карантин или негативен ПЦР тест.
За Италија, Шаленберг изјави дека остануваат ограничувањата и ситуацијата ќе биде повторно анализирана следната недела.
Тој, исто така, кажа дека е очигледно дека ситуацијата во Италија се подобрува и дека некои региони, како Јужен Тирол, повторно имаат добри Ковид-19 резултати.
Најави и дека ќе го разгледа предлогот од Болцано, според кој Австрија може да се отвори за одредени италијански региони.
Тој рече дека целта е да се отворат границите кон Италија, штом бројките тоа го дозволат.
Што се однесува до таканаречените трети земји, Шаленберг рече дека се залага за заедничко европско решение.
Ново на Сител
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце