Австралискиот премиер најави реконструкција на Владата по скандалите за сексуално вознемирување и дискриминација
Австралискиот премиер Скот Морисон денеска најави реконструкција на Владата по низата скандали за сексуално вознемирување и дискриминација.
Питер Датон ќе биде министер за одбрана на местото на Линда Рејнолдс, а Мајкалија Кеш станува нов јавен обвинител наместо Кристијан Портер.
Рејнолдс и Портер ќе бидат поставени на пониски позиции.
Способноста на Портер да биде државен обвинител е доведена во прашање откако тој најави тужба за клевета против австралиската мрежа АБЦ во врска со приказната за силување во 1988 година. Портер не беше експлицитно именуван, но тој ги негираше обвинувањата дека силувал 16-годишно момче во 1988 година, додека двајцата биле ученици.
Во реконструираната влада, Портер ќе биде министер за индустрија, наука и технологија.
Рејнолдс беше изложена на напади откако ја нарече „лажлива крава“ Британи Хигинс, поранешна приправничка на Либералната партија, која рече дека била силувана од колега во Парламентот во 2019 година. Рејнолдс подоцна се извини и во моментов е на боледување. Таа ќе ја преземе новата должност кога ќе се врати на работа.
Според анкета објавена денеска во дневниот весник „Аустралиан“, јавната поддршка на Морисон паднала од 62 на 55 проценти за само две недели.
Неговата популарност беше толку мала во 2019 година, кога летуваше на Хаваи додека во Австралија имаше масовни пожари.
Австралиската Влада нареди независна истрага за условите за работа во Парламентот и формирање нови служби за поддршка на персоналот, но активистите бараат систематски промени, не само во политиката, туку и во австралиското општество.
Ново на Сител
-

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија
-

Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции
-

Струшката полиција откри три бразилки и една девојка од Перу со незаконски престој во земјава
-

Додека бил на работа запалил службени материјали во метално буре, кривична за инспектор од Македонска Каменица
-

Четири лица нападнале 61-годишен маж и неговиот внук, едно лице од нив испукало со пиштол во воздух
-

ДНК-анализа: Хитлер имал генетски нарушувања што влијаеле на неговите гениталии
-

Украина и САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи
-

38-годишен скопјанец управувајќи велосипед удрил во пешак на бул.„Партизански Одреди“
