Тенис
26. January 2016 - 9:19

Аус опен: Радванска и Серена Вилијамс во полуфиналето

Полската тенисерка Агнешка Радванска и Американката Серена Вилијамс се пласираа во полуфиналето на Австралија Опен откако ги совладаа своите ривалки во четвртфиналето во Мелбурн.

Радванска беше подобра со 6-1 и 6-3 во сетови од Карла Суарез Наваро од Шпанија, додека Вилијамс ја победи Марија Шарапова  од Русија со 6-4 и 6-1 во сетови.
Во полуфиналето двете победнички ќе играат меѓусебе.
Инаку, во првото четвртфинале кај мажите Рожер Федерер го совлада Томаш Бердих со 7:6 (7:4), 6:2; 6:4.
Во второто четвртфинале играат Новак Ѓоковиќ - Кеи Нишикори.