Асфалтирани три улици во општина Зрновци
Општина Зрновци продолжува со реализирањето на зацртаните проекти во делот на комуналната инфраструктура. Според програмата денеска се асфалтирани и преостанатите три улици во населеното место Зрновци.
-Се определивме да ги асфалтираме улиците „Аспарух Манев“, „Филе Ристов“ и „Генерал Апостолски“ во должина од 1.300 метри. Вкупната инвестиција изнесува 1 милион денари, средства што ги обезбедивме од Буџетот на општината за оваа година, истакна градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков.
Во изминатите месеци од оваа календарска година, според Станков, регулирано е коритото на Морошка река, изградени се два моста на Видовишка река, поврзани се населените места Мородвис и Видовиште со нова асфалтна сообраќајница со магистралниот пат М-5 во должина од 1.500 метри, а општинската зграда доби нова термо фасада. До крајот на годината, најави Станков, ќе започнат градежните работи на новата детска градинка и на мостот на Зрновска река кој настрада во поплавите на почетокот од годинава.
Ново на Сител
-
Меџити: По пожарите ќе се пошумува секаде каде што е потребно
-
Нестабилно со пороен дожд и грмежи од утре попладне до четврток
-
Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, започна доказната постапка
-
18-годишен мотоциклист почина откако се судри со „бмв“ со швајцарски национални ознаки
-
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана