Aрсовска: Радувај се Скопје, радувај се Македонијо, денес се раѓа ново сонце
„Ви благодарам што ги поддржавте проектите што ги истакнав во оваа кампања, што одбравте да верувате на човечноста, што сте против црните кампањи и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водам Скопје и да бидам ваш човек во градот“-истакна Данела Арсовска на социјалната мрежа фејзбук, која е новиот градоначалник на Град Скопје.
Утринава објави слика со нејзиното семејство, и во описот додаде: „Радувај се Скопје, радувај се Македонијо, денес се раѓа ново сонце, заедно да побараме одговорност за она што не е сработено и заедно Скопје да го трансформираме во модерен европски град. Огромна е победата, со речиси 30 илјади гласови разлика, затоа ви благодарам за довербата и уште од првиот ден да почнеме со работа“.
Инаку, Арсовска е првата жена градоначалник од независноста на нашата држава.
Ново на Сител
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната
-
Кривична пријава за Германец, фатен со дрога на граничен премин
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат
-
Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави
-
Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Ердоган: Потребен е нов светски поредок
-
Маск повика на затварање на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка