Арсовска: Малите и средните претпријатија се клучот за побрзо економско закрепнување
Малите и средните претпријатија се од клучно значење за постигнување одржлив економски раст. Тие се важен фактор за одржување на конкурентноста и постигнување на економски просперитет, но, истовремено се најподложни на потреси, како во случајот со кризата предизвикана од пандемијата, поради што сите активни чинители треба да работат на креирање на добро деловно окружување за поддршка и развој на овие правни субјекти, порачува претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.
Од Сојузот на стопански комори информираат дека Арсовска на меѓународна конференција истакнала дека е потребно да се создаде сериозна стратегија за развој и одржливост на овие претпријатија, која ќе предвидува конкретни мерки и активности со поставени рокови за реализација.
– Со имплементација на стратегијата треба да се постигне значително зголемување на бројот на МСП кои се занимаваат со одржливи деловни практики, како и да го зголеми бројот на МСП кои користат дигитални технологии. Секоја земја треба да делува да стане попривлечно место за претприемништво и да им овозможи на малите бизниси да растат и да се развиваат. Ова е особено клучно во пост-пандемискиот период, бидејќи малите и средни претпријатија се клучот за побрзо надминување на кризните состојби и за постигнување на одржливиот економски развој, нагласила Арсовска.
Според неа, неопходно да се намали и регулаторниот товар и да се подобри пристапот до меѓународните пазари, како и да се осигура дека претпријатијата ги користат институционалните механизми за успешни прекугранични активности. Неопходно е да се преземат и мерки за олеснување на пристапот до финансирање и да се обезбедуваат континуирани информации за достапност и пристап до изворите на финансирањe.
– Надлежните институции треба активно да го поддржат претприемништвото кое е делување и постапување според можностите и идеите и нивно трансформирање во додадена економска вредност за сите во општеството. Иднината на европската економија е во малите и средни претпријатија, затоа е важно земјите да делуваат кон поттикнување, унапредување и координирање на меѓународната соработка и воспоставување на рамка за одржлив раст на МСП на национално, регионално и меѓународно ниво, истакнала Арсовска.
Во земјава, 99,8 проценти од сите претпријатија, припаѓаат во групата на малите и средните претпријатија (МСП).
Малите и средни претпријатија се ‘рбетот на европската економија. Тие претставуваат 99 отсто од сите регистрирани претпријатија, вработуваат околу 100 милиони луѓе, сочинуваат повеќе од половина од БДП на Европа и играат клучна улога во додавањето вредност во секој сектор во економијата.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
