Аргентина отпушти 15.000 државни службеници

Аргентина вчера објави дека укинала 15 илјади работни места во државните институции како дел од агресивната кампања на новиот претседател Хавиер Милеи за намалување на јавната потрошувачка, а отпуштените службеници повторно упаднале на нивните работни места со тапани, барајќи да се укине одлуката.
Портпаролот на претседателот, Мануел Адорни, на прес-конференција ги најави отпуштањата, опишувајќи ги како клучна алатка за реорганизација на јавниот сектор што Милеи ја најави во претседателската кампања, со цел, како што рече, „да се намалат трошоците на државата“.
Разрешените службеници, додаде тој, „можеби немале посебно дефинирани работни задачи“.
Стотици отпуштени работници, од кои некои беа известени за нивните отпуштања минатата среда, а други во претходните недели, синоќа упаднаа на нивните поранешни работни места во Буенос Аирес и во други градови.
Некои удираа по тапаните, тврдејќи дека отказот е неправеден и бараа да се вратат на работа.
И покрај дождот, толпа луѓе облечени во зелени маици од Здружението на државни службеници (АТЕ), најголемиот синдикат во земјата, се преполни пред зградите на министерството.
Имало и тепачки кога полицијата се обидела да ги избрка. Отпуштените работници ветија дека ќе продолжат да доаѓаат во нивните канцеларии, а нивните претставници порачаа дека „борбата допрва почнува“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
-

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје
-

МВР: Уапсен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром и избега од местото
-

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
-

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
