Македонија
24. April 2024 - 19:35

Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата

Кандидатот за претседател на Македонија од коалицијата Влен, Арбен Таравари, попладнево го оствари своето право на глас на избирачко место во ООУ „Единство“ во Гостивар. По гласањето изјави:

- Чест и задоволство е заедно со моето семејство да гласаме, што ни е граѓанска должност. Посебно задоволство е што малиот син Арби Таравари првпат гласа оваа година. Мојата порака до сите е овие избори да бидат фер и демократски, нека победи тој што е подобар. Ние секој резултат ќе го прифатиме. Атмосферата е добра, има ентузијазам и гледам дека граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата.