Македонија
20. October 2021 - 8:42

АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА ЛЕНА: Би сакала да имам барем јакна и чизми

На малата Лена од Гостивар, нејзината баба Ленка и мајка и Весна им е потребна помош.

За нивната тешка состојба пренесе емисијата „Срце на дланка“ во која ова тричлено семејство од Гостивар бара помош од сите хумани граѓани.

– Со сопругот се запознавме во Кичево, тој беше таксист и кога се зедовме, не видовме некој добар живот, со една минимална плата тоа е, рече Весна, која апелира за помош за да нејзината ќерка не го живее истиот живот како и таа.

Весна, додава дека и починале многу блиски луѓе тетка, сестрите, свекорот, а пред една година ненадејно го изгубила и сопругот, по што таа добива шеќер кој и го отежнува говорот.

Малата Лена несомнено се соочува со многу тежок живот, да и овозможиме нејзините скромни желби да станат ралност.

– Би сакала да имам детска соба, и барем чизми и јакна, исто така да јадам хамбургер, последен пат јадев кога тато беше жив, скромно вели Лена.

Доколку сакате да и помогнете на малата Лена и на нејзиното семејство тоа може да го сторите на бројот 078562116 или на трансакциската сметка: 290500010519773.