Антониј Тодоров: Заострување на бугарскиот став кон Македонија, не е во национален интерес на Софија
Интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ е апсолутен национален интерес на Бугарија и Софија треба активно да работи на тој план, оцени политикологот и професор на Новиот бугарски универзитет, Антониј Тодоров во изјава за Бугарското национално радио.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Тодоров смета дека е потребно одржување на редовен дијалог на високо ниво меѓу Бугарија и Македонија, оценувајќи дека заострувањето на бугарскиот став кон земјава, не е во национален интерес на Бугарија.
Тодоров го смета како правилен ставот на бугарскиот премиер Кирил Петков за нов пристап во преговорите со земјава, потенцирајќи дека историјата е важна, но таа не смее да биде „каменот што ќе и тежи на иднината“.
– Постои ризик да станеме заложници на приказна што не можеме да ја промениме, бидејќи е таква каква што е, додаде Тодоров.
Според него, доколку споровите меѓу Бугарија и Македонија на подолг рок би ја блокирале интеграцијата на земјава во ЕУ, Софија ризикува да западне во целосна изолација во ЕУ, бидејќи „нема доволно силни позиции и мора постојано да објаснува што точно сака“.
– Од двете страни на границата има по едно ВМРО, кое притиска. Но, политичкото лидерство не може да се состои само во прифаќање на она што го сакаат мнозинството од граѓаните, туку напротив на тоа мнозинство мора да му се објасни што е национален интерес на Бугарија, истакна Тодоров, додавајќи дека токму ова ќе биде тест за раководствата и во Бугарија и во Македонија.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата