Анкета: Секој втор граѓанин смета дека ниту „Рекет“ ниту датумот за преговори нема да го смени епилогот на следните избори
За 48% од анкетираните граѓани случајот „Рекет“ нема да има влијание врз нивната одлука за кого ќе гласаат покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје изработена за потребите на емисијата Детектор на Сител Телевизија.
41,4% од граѓаните пак изјавиле дека при одлуката кому да му ја дадат довербата на следните избори влијание ќе има токму овој случај.
Скоро половина од граѓаните, или 49,7% велат дека врз нивната одлука за кого ќе гласаат нема да влијае ниту епилогот околу датумот за старт на преговорите со Европската Унија, додека 37,2% анкетирани рекле дека напредокот на интегративниот процес ќе им влијае кога ќе одлучуваат за кого да гласаат.
Анкетата за потребите на емисијата Детектор ја спроведе Институтот за Политички истражувања Скопје во периодот од 14 до 17 септември, годинава, врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје