Анкета: Нова демократија со сигурна предност пред СИРИЗА

Грците остануваат разочарани, загрижени, гневни, политичкиот систем и натаму е со се полоша репутација, а општеството е поделено во однос на целите што стојат пред земјата, покажа најновото истражување на социолошката агенција Капа Рисрч за весникот „Вима“, цитирано од електронските изданија во земјата.
Њуз.ин пишува дека ова разочарување и збунетост царува веќе седум години, откако на малиот остров Кастелоризо тогашниот премиер Јоргос Папандреу соопшти дека Грција ќе бара активирање на спасувачкиот план на Европската Унија, пренесува БТА.
Во врска со ова, меѓу 60,5 и 72,5 отсто од анкетираните одговараат дека на последните четири парламентарни изјаснувања се гласало погрешно, поддржувајќи го овој план.
Парлалелно со ова се дава оценка дека во општеството е присутно растечко незадоволство од моменталната владејачка коалиција на двете партии - СИРИЗА и Независни Грци, а на овие одгласи главната опозициска партија - Нова демократија е попосакувана и дека нејзината разлика со СИРИЗА изнесува 7,1 отсто (23,5 наспроти 16,4 отсто).
Прогнозите се дека доколку се земат предвид и оние избирачи што се уште се двоумат за кого ќе гласаат оваа разлика меѓу двете партии ќе биде 9,6 отсто (31,8 наспроти 22,2 отсто).
Според истражувањето, жестока е борбата за трето место меѓу Демократскиот блок (ПАСОК-ДИМАР) и крајнодесичарската Златна зора.
И во оваа, како и во претходните анкети, нема промена во однос на прогнозата дека пет партии ќе влезат во следниот грчки Парламент.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
