-->
-->
Анкета: Бугарските условувања ја намалија довербата на граѓаните во ЕУ
-->
Се зголемува резервираноста на македонските граѓани кон евроинтеграциите како резултат на условите кои Бугарија ги поставува за членството на Македонија во ЕУ. Една третина од испитаниците во истражувањето на МКД.мк кое го спроведе агенцијата Маркет вижн, не гледаат перспектива во интеграцијата со ЕУ. Речиси половина од испитаниците сметаат дека не треба да сео прифатат условите под кои се нуди продолжувањето на процесот на интеграција со ЕУ.
Од 1.200 испитаници на телефонското истражување 29 отсто даваат поддршка за францускиот предлог за начинот на кој Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ. Повеќе од 22 отсто одговорија дека и не го разбираат францускиот предлог. Само половина од испитаниците се изјасниле дека го знаат и разбираат францускиот предлог.

Најголемиот дел и од испитаниците кои го знаат и од оние кои не го знаат и го разбираат францускиот предлог, сметаат дека овој предлог содржи услови кои не треба да се прифатат.

Голем дел од испитаниците одговориле дека ниту една од партиите (24,9%) немаат прифатлив став во однос на бугарските барања и не понудиле соодветно решение за овој проблем. 39,8 отсто од анкетираните граѓани велат дека не знаат која партија да ја издвојат со јасен и недвосмислен став во однос на бугарските условувања. Дека СДСМ има најприфатливо решение одговориле 10,6 отсто од испитаниците, а за 9,1 отсто од испитаниците тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на културните клубови, здруженијата на Бугарите во Македонија, поголем дел или две третини од испитаниците оценија дека овие клубови кои се отвораат и во Македонија и во Бугарија не придонесуваат за надминување на разликите.

Телефонската анкета на 1.200 испитаници беше спроведена од 7 до 13 ноември, со статистичка грешка од +/- 3% и интервал на доверба од 95 отсто. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот од 2021 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
-

Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата
-

Евростат: Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто
-

Зголемен број на деца со респираторни инфекции во Куманово, дневно по околу 80 прегледи
-

Клековски: Се разгледуваат можности за здравствено осигурување на лица под 18 години, за доставувачите на храна и за т.н. „фриленсери“
-

Астрономот Николај Железнов: Во овој момент во Сончевиот систем не постојат астероиди кои претставуваат реална закана за Земјата, но во иднина е можно да се појават
-

Клековски: Нема категории граѓани кои не се покриени со здравствено осигурување
