-->
-->
Англиските клубови потрошиле 217 милиони фунти за плати на повредени играчи
-->

Клубовите од Премиер лигата минатата сезона потрошиле 217 милиони фунти за плати на повредени играчи.
Манчестер јунајтед вкупно платил најмногу, односно 23 милиони фунти за своите повредени играчи, но Арсенал со 54 повреди во текот на минатата сезона е клуб кој најчесто плаќал.
Во Њукасл и Манчестер сити се регистрирани 24 повреди, а минатата сезона Брајтон имал најмногу среќа при што се забележани 15 повреди и клубот исплатил три милиони фунти за платите на повредените играчи.
Меѓу повредите најчести се тие на мускулите од задната ложа, а најскапи се повредите на коленото кои просечно клубот го чинат околу половина милион фунти.
Бројот на повреди и трошоци минатата сезона се зголемил за третина во однос на сезоната 2016/17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
