-->
-->
Ангеловски: Секој натпревар е важен одиме на позитивен резултат
-->

Фудбалската репрезентација на Македонија од денеска ги почна подготовките за саботниот дуел со Норвешка - пријателски што ќе се игра во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“.
Селекторот Игор Ангеловски има проблеми околу составот бидејќи неколку играчи го откажаа настапот поради повреди.
- Дуелот со Норвешка е пријателски, но сакаме позитивен резултат и ќе направиме се да ја продолжиме серијата позитивни резултати во 2017 година особено што на послендите четири немаме пораз. Од првичниот список дефеинитивно отпднаа: Ѓорѓев и Дориев (денеска), а во зависност од тежината на повредите неизвесен е настапот на Муслиу и Ристевски, кои имаат истотака повреди. Адеми има повреда тој сака да игра, но за негов настап ќе решат лекарите дали хируршката интервенција ќе може да се одложи. Познато е дека на барање на Палермо од обврските е ослободен Несторовски. Дополнително се повикани Кире Маркоски и Анес Османовски од Унтерахинг, кој имаше добри настапи за репрезентацијата на У_18 на дуелите со Италија, Албанија и Србија. На дуелот со Норвешка ќе се обидеме да наметнеме наш стил на игра, особено што противникот негува скок игра и дуел игра, изјави на брифингот со новинарите селекторот Ангеловски.
Дарко Велкоски одигра добро на последните дуели, а за саботниот натпревар истакна:
- Норвешка е добар противник. Треба добро да одиграме и да постигнеме резултат, кој ќе ни овозможи скок на ранг листата на ФИФА.
Натпреварот Македонија - Норвешка се игра во сабота со почеток во 18:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
