-->
-->
Американските републиканци остро го осудуваат договорот со Иран
-->

Американските републиканци во Конгресот на САД, остро го осудуваат договорот на меѓународната „шесторка„ со Иран околу неговата нуклерна програма.
Со договорот меѓу петте постајни членки на Советот за безбедност во ОН, плус Германија и властите во Техеран, Иран се обврзува драстични да ги ограничи своите нуклеарнаи активности, а за возврат му се обезбедува подигнување на меѓународните санкции.
Спикерот на Конгресот, Џон Бенер изјави дека договорот може само да го „охрабри„ Техеран, како и дека дилот постигнат во Виена ќе ја „покрене трката во вооружување„ во регионот на Блискиот Исток и во светот.
Републиканецот Линдзи Греам, еден од кандидатите за републиканската номинација за претседателските избпри во САД, во ноември идната година, остро го осуди договорот со властите во Техеран.
„Станува збор за погрешна спогодба која само ги влошува работите„- изјави Греам.
Конгресот на САД има на располагање 60 денови во кои може да го разгледа и да го оцени договорот на „шесторката„ со Иран.
Претседателот Барак Обама веќе предупреди дека ќе стави вето на секој обид да се блокира договорот.
Преговорите околу иранската нуклеарна програма на „шесторката„ со Техеран почнаа уште во 2006 година. Првите преговори почнаа во атмосфера во која меѓународната заедница и пред се Западот, обвинуваа дека зад програмата се крие намерата на Иран да изгради атомска бомба, додека иранската страна ги отфрлаше таквите обвинувања, инсистирајќи дека немарата е „мирољубива„ и определана за цивилни потреби.
Меѓународната „шесторка„ од почетокот инсистираше Иран драстично да ги намали своите нуклеарни активности, за да се има гаранции дека програната нема да се искористи за изградба на иранско нуклеарно оружје, туку дека целите се навистина оние за кои тврди официјален Техеран.
Со постигнатиот договор, Иран мора да отстрани две третини од веќе инсталираните центрифуги и да ги складира и стави под меѓунаридна контрола, потоа да се ослободи од 98 отсто од збогатениот ураниум, како и да обезбеди пристап на експертите на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (ИАЕА) до сите негови постројки, каде тоа ќе биде потребно и кога за тоа ќе се укаже потреба.
Договорот предвидува повторно воведување на санкциите, доколку не се почитуваат неговите одредби.
Американските републикаци, меѓутоа, оценуваат дека Иран и понатаму може да изгради атомско оружје , па затоа се против договорот што со владата во Техеран го постигнаа САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија.
Во текот на двомесечниот период, во кој Когресот на САД ќе расправа за постигнатиот договор, претседателот Обама не може да ги укине санкциите кон Иран.
Конгресот може да го отфрли договорот и да ги задржи санкциите, но американскиот претседател може да стави вето на таквата одлука на претставничкиот дом на САД.
Во таква ситуација, на Конгресот му е потребно дво третинско мнозинство, за да го отфрли ветото на претседателот, но посматрачите во Вашингтон забележуваат дека тоа е речиси неостраврливо, со оглед на позициите и застапеноста на двете американски партии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
