Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама
Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што ќе го промени резултатот од претседателските избори во САД што се одржаа на почетокот на минатиот месец.
Бар го изјави ова по тврдењата на Доналд Трамп за изборна кражба и одбивање да го признае поразот на изборите, на кои победи демократот Џо Бајден, пренесува „Гласот на Америка“.
Во интервју за „Асошиејтед Прес“, Бар вели дека американските обвинители и агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) разгледале одредени поплаки и информации што ги добиле, но дека не нашле докази што би го промениле резултатот на изборите.
„До денес не видовме дека има измама во опсег што ќе доведе до поинаков исход на изборите“, посочи Бар.
АП оценува дека Бар е еден од најголемите сојузници на Трамп. Пред изборите, тој постојано тврдеше дека гласањето по пошта е особено подложно на измама, во време кога Американците гласаа на тој начин заради пандемијата на коронавирус.
Набргу по објавувањето на коментарите на Бар, Трамп објави на „Твитер“ нови обвинувања за изборна кражба.
Неговиот адвокат Руди Џулијани и изборниот штаб издадоа соопштение во кое тврдат дека немало истрага за изборните измами.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија