Американскиот гудачки квартет „Мивос“ гостува на Денови на македонска музика
Во рамки на 39. Денови на македонска музика, вечер во Музеј на Град Скопје концерт ќе одржи американскиот гудачки квартет „Мивос“.
На програмата премиерно во Македонија ќе бидат изведени делата на Фелипе Лара, Дејвид Бринјар Францон и Роберт Хонстајн, заедно со светските премиери на квартетите на Маријана Јаневска и Валентина Велковска-Трајановска, како и често изведуваниот квартет „Распеви“ од Гоце Коларовски.
Во квартетот „Мивос“, кој е оценет како еден од најхрабрите и најинтензивни нови музички ансамбли во Америка, членуваат виолинистите Оливија де Прато и Џошуа Модни, виолистот Виктор Лори и виолончелистот Мариел Робертс.
- Од нив, секој посебно е познат по својот индивидуален извонреден глас во современата музика, како и по честите изведби со водечки ансамбли во новата музика, вклучително и ансамблите Сигнал, Виктоар и Вет Инк. Сите се дипломци на програмата „Мајстори за современа изведба“ на Школата за музика на Менхетен, соопшти СОКОМ, организатор на фестивалот Денови на македонска музика.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево