Американската армија го евакуира персоналот од Амбасадата на САД во Хаити
Американската армија денеска соопшти дека по воздушен пат спровела евакуација на персоналот од Амбасадата на САД од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, со цел да ја засили безбедноста на Амбасадата додека во земјата трае вонредната состојба.
Во соопштението на Американската јужна команда се наведува дека САД остануваат посветени на поддршката за полицијата на Хаити, на плановите за распоредување на мисија на Обединетите нации, како и мирна транзиција на власта преку слободни и фер избори.
На Хаити минатата недела е прогласена вонредна состојба по ескалацијата на насилството помеѓу вооружените банди кои бараат оставка од премиерот Аријел Анри.
Претходно, портпаролот на Американската јужна команда, Мејсон Енглхарт истакна дека САД размислуваат и за испраќање на маринци на Хаити.
Распоредувањето на тимот „ФАСТ“ (FAST) е една од опциите што ги има Министерството за одбрана доколку Стејт департментот побара безбедносна поддршка од Американската амбасада во Порт-о-Пренс, наведе Енглхарт.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци
-
МВР: Регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои 15 не се потврдени
-
Приведен кавадарчанец со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила застанати на црвено светло
-
Нетанјаху повторно ќе се кандидира за премиер
-
Голем број демонстранти учествуваа на протестите ширум САД против политиките на Трамп
-
До 9:15 гласале 41.890 граѓани, излезноста на ниво на држава е 3%
-
Забраната на возилата со мотори со внатрешно согорување во ЕУ и здравјето на луѓето
-
Локални избори 2025, вести во 08:00 на Сител Телевизија