Американец почнал да спие во плакар за да заштеди на греење

За да ги намали трошоците и да заштеди пари, американскиот државјанин Тод Мориарти користи контроверзни трикови. Неговата приказна ја објави The Sun.
Американецот живее во голема куќа со три спални соби и бањи, чија вредност се проценува на 260.304 долари. Сепак, се надева дека ќе добие уште 34.707 долари со продажба на куќата, заедно со мебелот. За да ја задржи во првобитната форма и да не ја менува бојата на ѕидовите, Мориарти ја покри куќата со целофан.
За да заштеди на греење, тој почнал да спие во плакарот. Според него, тој не гледал смисла да ја загрева целата спална соба, бидејќи мала греалка во плакарот може да ја заврши работата.
Мориарти го користи џакузито за готвење. Наместо да ги загрева садовите во микробранова печка или на шпорет, тој ги ставил во пластичен сад и малку ги загреава во вода.
Откако јаде, човекот брзо влегува во бањата и се мие со сапун. Тој ја пере облеката во џакузи за да не ја оштети машината за перење.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
