Амбасадорите на Квинтaта и Норвешка по повод 25-годишнината од бомбардирањето на Србија
Амбасадите на шест западни земји во Белград денеска соопштија, по повод одбележувањето на 25-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија (Србија и Црна Гора), дека „се сеќаваат и жалат за изгубените животи на невините, но и размислуваат за заедничка иднина со Србија и Косово во европското семејство на народи, јави дописникот на МИА од Белград.
-Ние го поддржуваме изнаоѓањето решение за спорот меѓу Косово и Србија, што е итно прашање за европската безбедност и убедени сме дека целосната имплементација на Охридскиот договор постигнат под покровителство на Европската унија е најдобриот пат напред кон мирот и стабилност за доброто на луѓето кои живеат во Србија и Косово, се наведува во заедничката изјава на амбасадорите на Франција, Италија, Германија, Норвешка, Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство во Белград.
-Војската на Србија сè повеќе соработува со НАТО алијансата и европските партнери преку учество во мисиите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика. Партнерството е начинот на кој можеме заедно да ја изградиме мирната и стабилна иднина каква што заслужуваат нашите народи, се додава во соопштението.
Амбасадорите на земјите од Квинтата и Норвешка во заедничка изјава потсетуваат дека на 24 март 1999 година „почна воена интервенција која никој не ја сакаше“, додавајќи дека „операцијата на сојузничките сили била осмислена да го принуди Слободан Милошевиќ, тогашниот претседател на Сојузна Република Југославија, да ја запре злоставувањето на цивилното население на Косово, да спречи хуманитарна катастрофа и да им овозможи на бегалците и раселените лица да се вратат, а на хуманитарните организации пристап до Косово“.
-Оваа воена операција беше започната откако беа исцрпени сите политички и дипломатски средства… Оваа операција не беше насочена против народот на Србија и чувствуваме длабоко жалење за изгубените човечки животи во Косово и Србија, истакнаа амбасадорите на Франција, Италија, Германија, Норвешка, САД и Велика Британија во заедничка изјава во пресрет на годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО, кое утре во Србија се одбележува со повеќе манифестации.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура