Македонија
26. May 2024 - 21:18

Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар

Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар и попривлени за странските туристи.

Светските трендови покажуваат дека се помал е бројот на оние посетители кои бираат   класичен одмор со плажи, наспроти оние кои сакаат времето одвоено за одмор да го минат исполнето со што поголем број содржини, со реализација на најзразлични активности.Една од примамливите понуди е и рекреативниот риболов кој изминативе години се нудеше но поради забраната веќе го нема.

Охриѓанецот Љупчо Стојкоски – Лепи е риболовец рекреативец, вљубеник во езерото и риболовен водич кој ја збогатува туристичката понуда воведувајќи една рибарска приказна за туристите  на кои им организира  целодневен излет на езерото со кајче , обезбедувајќи им се што е потребно за рибарење.

Рекреативен риболов на Охридското Езеро пробале голем број гости. Рибиловната тура ја имаат искусено бројни туристи од целиот свет, од Холандија, Германија, Полска, соседните држави, па и од подалечни дестинации.

Рекреативните риболовци бараат што поскоро Охридското езеро да добие концесионер и повторно да може рекреативците да ловат одреден вид на риба а да се  зачува заштитената пастрмка и белвица.