Алтернaтивa: Членовите на семејството на Али Ахмети ги заземаат позициите, Албанците се принудени да се преселат
Во времето кога стотици илјади Албанци секојдневно се принудени да ја напуштат својата татковина и да се преселат на запад, во отсуство на економската перспектива во земјата, во времето кога невработеноста, продлабочувањето на економската криза, растот на цените и, генерално, квалитетот на животот ги принудува младите Албанци да се одвојат од нивните семејства, од друга страна, продолжува бескрупулозниот непотизам на функционерите на ДУИ, кои со своите постапки продолжуваат да ја убиваат надежта на младите Албанци.
Таков е случајот со членот на семејството на лидерот на ДУИ, Бесијан Ахмети. Членот на семејството на Али Ахмети, со одлука на министерот за економија, Крешник Бектеши и одобрение на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку партиското и семејното фаворизирање, именуван е за прв секретар во Амбасадата на РСМ во Брисел, заземајќи го местото на стотиците албански професионалци квалификувани за таа позиција.
Поради ова го прашуваме г. Ахмети за следново: Уште колку членови на семејството ви останале не сместени во државните институции? До кога треба да чекаат Албанците додека „Династија Ахмети/ДУИ“ ќе се сити на нивен грб? Уште колку Албанци треба да се преселат за да се задоволи семејството Ахмети?
АлтернАтивА во оваа прилика ја повикува Државната комисија за спречување на корупција и сите надлежни институции да реагираат на срамниот непотизам на ДУИ на кој секојдневно сме сведоци.
Добрата вест во оваа несреќа е што следната година оваа ера на срамот згаснува, за да ù го отвори патот на новата надеж.
АЛТЕРНАТИВА
Ново на Сител
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола
-
Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати
-
Анализи: Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година
-
Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово