Алексовска: Нови 10.000 вработувања во 2017 преку владините мерки и програми
Компаниите се повеќе ги користат владините мерки за вработување кои даваат огромни резултати. За тоа зборува и досега најмалата стапка на невработеност во Македонија, 23,1 отсто, рече денеска директорката на Центарот за вработување Скопје Слободанка Алексовска.
Последниве десет години, нагласи, стапката на невработеност е намалена за 14 проценти.
- Дури и во услови на политичка криза, невработеноста постојано бележи пад благодарение на добро креираните владини политики и мерки, истакна Алексовска на заедничка прес-конференција во Сојузот на стопански комори (ССК) и додаде дека нови 10.000 директни вработувања се предвидени за годинава, но и други, индиректни преку останатите владини програми.
Фирмите, подвлече, се повеќе ги користат мерките зашто ефектите се евидентни, а преку нив 43.000 лица се вработени од 2007 година до денес.
Според ССК, позитивниот ефект од мерките се согледува преку фактот дека се намалуваат давачките за компаниите, се стимулира нивниот раст и развој и се намалува невработеноста преку креирање услови за отворање нови рабтни места.
- Од досегашната примена на политиките за вработување, создадени се можности за зголемување на капацитетите на компаниите и квалитетот на вработените, се стимулира развојот на бизнисите и се создаваат услови за нови работни места, рече извршниот директор на ССК Александар Зарков.
Околу 70 отсто од невработените кои ги поминале обуките предвидени со програмите и мерките веќе работат, напомена Зарков и најави дека до крајот на мај годинава ќе се спроведат три едукативни обуки за компаниите подетално да се запознаат со Оперативниот план за вработување.
Годинашниот Оперативен план содржи 23 програми и 11 видови услуги. Моментно се отворени неколку повици од активните мерки и програми за вработување за кои бизнисот може да се информира во подрачните канцеларии на Агенцијата.
- Олеснувањето за фирмите преку владините мерки е во обезбедувањето различни материјални бенефиции како што се субвенциите за плати и придонеси или купувањето нова опрема и репроматеријали, додека придобивка за невработени лица се обуките, преквалификациите, практичната работа..., информира Алексовска.
Од членките на ССК, најмалку 30 отсто успешно ги користат владините мерки за вработување.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода