Балкан
18. March 2017 - 13:59

Албанските полицајци изненадени од досетливоста на наркодилерите

Граничната полиција на преминот Капштица, на албанско-грчката граница, заплени 79 килограми марихуана.

Се би било вообичаено, бидејќи запленувањето дрога веќе е секојдневна појава за албанската полиција, но начинот на кој таа била пакувана ги „изненадило“.

- Дрогата беше скриена во цевки со мала должина, кои по форма и боја наликуваа на морков. Камионот со приколка при излез од Албанија беше подложен на детална контрола, откако по контролата со скенер се посомневавме дека некаде се крие дрога. Притоа цевките со дрога беа откриени во внатрешноста на цевките на кои е поставена церадата од приколката, изјави претставник на граничната полиција.

Според него, во илјадниците случаи и различните начини на обид за шверц на дрога, ова може да се оцени како најзачудувачки.

Уапсен е возачот на камионот Адриан Дула (41) од Тирана, кој требало да танспортира стока до Турција.