Албанските банди го контролитраат британскиот пазар на дрога
Насилничките албански криминални банди имаат преземено контрола врз пазарот на дрога во Велика Британија, соопшти денеска британската Национална агенција за криминал (НЦА), промовирајќи го својот годишен извештај.
Во извештајот се вели дека албанските банди се претвориле во „значителна закана“ која доминира на илегалниот пазар за кокаин.
Овие банди, кои како центар на својата криминална и илегална активност го имаат Лондон, но се присутни и во внатрешноста на Велика Британија, се истакнуваат по нивните „насилнички методи“.
Експертите кои учествувале во правењето на извешатојот потенцираат дека како главни соработници на албанските банди се разни српски и турски криминални групи, кои се вклучени во „поморската логистика за шврец на кокаинот„.
За разлика од кокаинскиот пазар, во кој доминанти се албанските банди, помогнати од српските и турските групи, пазарот на хероинот во Велика Британија под своја контрола го имаат турски и пакистански банди.
Според Националната агенција за криминал, проблем во антикриминалната борба е „силно изразената корупција“ кај вработените во поморските пристаништа и на аеродромите.
Корупцијата на овие луѓе е клучната слабост, која директно влијае врз потикнувањето на шверцот на дрога, но и на илегалниот транспорт на лица во Велика Британија, се посочува во објавениот годишен извештај.
Во него се говори и за кибер криминалот, во кого, како што се посолчува, доминираат луѓе од „руското говорно подрачје“.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови