Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Маркетинг
  • Контакт
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Балкан
17. February 2022 - 8:15

Албанскиот Уставен суд пресече: Мета не го прекршил Уставот, останува претседател

Tweet

Илир Мета нема да биде разрешен од функцијата претседател на Албанија и ќе продолжи на функцијата до завршување на мандатот на 24 јули годинава.

Тоа откако Уставниот суд одлучи да ја поништи одлуката на албанскиот парламент за негово разрешување поради ” тешки прекршувања на Уставот“.

Одлуката судот на својата официјалната страна ја објави доцна синоќа, во 23:15 часот и во неа стои дека „претседателот не го прекршил Уставот по ниту еден основ за што го обвинува парламентот“.

Веднаш куса реакција следуваше од претседателскиот кабинет. Портпаролот Теди Блуши на Фејсбук напиша дека одлуката е очекувана и за нив не е никакво изненадување.

-Нула изненадување за нас. Ова прашање не ни требаше да почне, напиша Блуши.

Иницијатива за разрешување на Мета покренаа владејачките социјалисти, по што беше формирана и анкетна комисија по чиј извештај пратениците, меѓу нив и од опозицијата, на 9 јуни минатата година изгласаа одлука за негово разрешување.

 

 

Tweet

Балкан

  • Рама: Почнавме со подготовките за Самитот на НАТО

  • Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ

  • Градоначалникот на Тирана, Велиај, останува во притвор, одбиено барањето за поблага мерка и понудената кауција

Популарно од Балкан

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Рама: Почнавме со подготовките за Самитот на НАТО

    10.06.2025
  • Владејачката СНС победи на локалните избори во...

    10.06.2025
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта

  • Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани

  • Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат

  • Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

  • Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм

  • Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања

  • Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница

  • ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2025 Сител Телевизија