Албанскиот претседател Нишани во посета на Италија, Мета во Грција

Албанскиот претседател Бујар Нишани од синоќа е во официјална посета на Италија, по покана на неговиот колега Серџо Матарела.
По средбата на двајцата претседатели планирана е средба на делегациите на двете држави.
Според агендата, Нишани ќе се сретне со претседателот на италијанскиот сенат Пиетро Грасо, како и со претседателот на Комисијата за надворешна политика и емиграција во италијанскиот сенат, Пјер Фердинандо Касини.
Денеска, во тридневна посета на Грција, ќе отпатува спикерот на албанскиот парламент Илир Мета, по покана на неговиот колега Никос Воутсис.
Освен средбата со неговиот домаќин, Мета ќе биде примен и од грчкиот претседател Прокопис Павлопоулос, а ќе се сретне и со премирот Алексис Ципрас.
- Целта на посетата е зајакнување на односите и соработката меѓу двата парламента и двете земји членки на НАТО и учеството во евопското интегрирање на регионот, објавуваат албанските медиуми..
И Нишани и Мета за време на посетите на Италија и на Грција ќе имаат средби со претставници на друштва на Албанците во овие две земји.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
