Албанската полиција во две акции заплени тон марихуна
Албанската полиција во две одделени акции денеска заплени нешто повеќе од илјада килограми марихуана.
Во акцијата спроведена од полцијата во приморскиот град Валона, во куќа на жител на Дукат, полицијата откри и заплени 710 клограми од ова наркотично средство.
Дрогата била спакувана во 27 пакети сместени во осум големи спортски торби. Уапсен е Селман Хамити (71), додека полицијата трага по Б.Т.(44).
Во втората акција запленети се 306 клограми марихуана, во близина на албанско-грчката граница кај Козан.
Дрогата била ставена во десет вреќи, кои се транспортирале со комби, со грчки регистарски таблички, а ило следено од автомобил управуван од двајца млади Албанци. Тројцата се уапсени.
Според изјави на уапсените, наркотичното средство трабало да биде транспортирано до Атина.
Во изминатите денови албанската, грчката и италијанската полиција имаат запленето над три тони мархуана, произведена во Албанија.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o