-->
-->
Албанија слави, доби три бода за прекинатиот меч со Србија!!!
-->

Судот за спортска арбитража во Лозана и додели службена победа од 3-0 на фудбалската репрезентација на Албанија за прекинатиот меч со Србија во Белград во случајот „Дрон“.
ЦАС ( Суд за спортска арбитража) исто така и одзеде три бода на Србија и дополнително ја казни со играње две средби без публика и 100 илјади евра...
ЦАС ја одби жалбата на Србија бидејќи не најде докази дека албанските фудбалери одбиле да го продолжат натпреварот туку го обвини домаќинот за лоша организација.
100 илјади евра казна ќе плати и Албанија.
Со оваа одлука Србија не губи речиси ништо бидејќи одамна ги загуби шансите за првите три места во групата но екстра притисок ќе трпи Данска бидејќи со овие три бода Албанија се изедначи со оваа селекција на делба на второто место со по 10 бодови, два помалку од Австрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
