Македонија
11. September 2018 - 14:35

Албанец уапсен на преминот „ Богородица“

Македонските цариници приведоа Албанец на граничниот премин „Богородица“. Како што информираат од полицијата, вчера во 18.30 часот на Граничен премин „Богородица" било констатирано дека личната карта со која патувало лицето Л.П.(31) од Република Албанија била фалсификувана. Лицето било приведено и во разговор со него било констатирано дека се работи за лицето М.Т.(38) од Република Албанија.

Тој бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.