Ал Пачино првпат во долгометражна ТВ-серија

Првпат во својата над 50 години долгата кариера како глумец, Ал Пачино ќе се испроба и во ТВ-серија (не во мини-серија, туку со повеќе продолженија). Прикажувањето започнува денеска на Амазон Прајм Видео.
Приказната на „Ловци“ (Hunters) е сместена во Њујорк, во 1977 година, и го следи Мајер Оферман (Ал Пачино), водач на групата ловци на нацисти, кој претходно го преживеал холокаустот. Тој дознава дека во САД тајно живеат стотици поранешни нацисти кои планираат „Четврти Рајх“, и тоа во Америка. Серијата е инспирирана од вистинити приказни.
– Никогаш досега не сум снимил серија од 10 епизоди. Тоа е нешто како 12-часовен филм… Патем, ова е луда приказна… Страшна, но и полна длабоки емоции, рече Пачино, кој во април полни 80 години.
Режисерот на серијата, Дејвид Вејл, меѓу другото, сака и да ги пренесе раскажувањата на својата баба што го преживеала холокаустот, нејзините искуства на војната за коишто тој ги слушал како дете.
Ново на Сител
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
-

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата
-

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци
-

Кривичен за „Ласкарци“: Боваровски се ослободува од издржување на казната затвор до донесување на нова одлука
-

Направен 1,1 километар од патот Отовица-Сојаклари, во близина на велешко езеро „Младост“
