Актерот Маринко молел за помош но залудно - ова му се случувало пред смртта
Маринко Маџгањ, актерот кој го загуби животот по долга битка со тешката болест, последните години од својот живот поминувал низ пекол. Како што дознава српскиот АЛо, тој три години пред смртаа барал од Судот да нареди театарот "Дадов", да му врати сума од 290.000 динари, кои незаконски му биле повлечени од сметката поради незаконска пресуда. Актерот молел за тие пари кои неправедно не му биле дадени, за да си го спаси животот, но залудно. Иако пишувал ургенции не ги добил парите и поминал низ драма.
Додека против него се водел судски спор тој од банка барал кредит за сосема друга потреба, а по пресудата парите му биле земени од сметката, откако на неа легнале на 24 август 2012 година. Тој во банка се шокирал. Отишол да се жали и во театарот но залудно. За сето тоа дознал во банката. Прашувал што се случило, каква постапка покренале против него, зошто не му ги даваат парите кои му требаат за здравјето.
Откако неговиот помошник поднел барање парите од театарот да се стават на негова сметка, тој предлог бил прифатен осум месеци подоцна или на 23 април 2013 година.
Адвокатот и неговиот помошник велат дека Судот згрешил во врска со овој случај. - Парите кои не му беа вратени а му требаа за живот, сега се вратени на неговите наследници, велат тие.
Инаку, тој почина на 37 години од рак на панкреасот.
Ново на Сител
-
ЕУ го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија
-
Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари
-
Зеленски бара директни преговори со Путин во Турција
-
Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице
-
Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините
-
Тричковски стави крај на својата играчка кариера
-
Напаѓачот на Нотингем Форест ставен во медицински индуцирана кома
-
Конституиран новиот Управен одбор на КФСМ, Ѓуроски нов потпретседател