Ако ги знаете одговорите на овие 3 прашања спремни сте за брак
Бракот е заедница што бара многу труд и жртвување. Токму поради тоа е многу важно да бидете подготвени и сигурни во својата голема одлука. Како да знаете дека навистина сте подготвени за брак?
Одговорете на овие три прашања за да откриете дали може да преземете таков чекор:
1. Дали ви е најважна среќата на вашиот партнер?
Тајната на среќните врски и брак е кога и двајцата партнери ги ставатаат интересите на другиот над своите.
Овде не постојат ни тези ни филозофии, ниту пак некоја си длабока порака, туку едноставно зошто некој би сакал да ја напушти личноста што се руди да го прави среќен?
2. Зошто го сакате партнерот?
Ако партнерот ве прави среќна личност, мора да си откриете зошто. Дури тогаш ќе бидете сигурни дека и вашите чувства ќе бидат искрени, затоа што пеперутките што ги чувствувавте во стомакот на почетокот на врската ќе исчезнат со текот на времето.
3. Подготвени ли сте за живот во кој ќе се надополнувате еден со друг?
Важно е дали плановите со вашиот партнер ви се исти и дали сте подготвени да се откажете од вашите ставови и да прифатите туѓи? Ова најдобро се открива во разговор со партнерот.
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница