Ајфеловата кула од на есен добива стаклен ѕид како заштита

Париз, 10 февруари 2017 (МИА) - Ајфеловата кула од на есен ќе биде опкружена со небробоен безбедносен стаклен ѕид, висок два и пол метри, со цел еден од симболите на францускиот главен град да биде заштитен од терористички закани, јавија француските медиуми.
- Непробојната ограда ќе биде поставена околу просторот кој го опкружува Ајфиловата кула, изјави претседател на Друштвото за управување со Ајфеловата кула, Бернар Годиер.
Според парискиот весник „Паризиен“, безбедносниот ѕид ќе чини 20 милиони евра.
Иако се сфаќа потребата за заштита на оваа знаменитост, некои членови на Градскиот совет на Париз стравуваат дека познатата кула би можела да се претвори во „тврдина“ и предупредуваат дека новите безбедносни мерки не би требало да го променат архитектонскиот изглед на околината на објектот.
- Сите работи на обезбедување на Ајфеловата кула ќе се извршуваат во соработка со Здружението на архитекти на Франција, за подобро вклопување на заштитата во овој кварт, рече претставникот на градата управа задолжен за туризам, Жан-Франсоа Мартен.
Стаклениот ѕид нема да бие единствена новина. Имено, и сообраќајот околу Ајфеловата кула ќе биде целосно реорганизиран, при што ќе биде воспоставен безбедносен појас во координација со полициската управа, наведува „Паризиен“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
