Адис Ахметовиќ е нов известувач на Бундестагот за Западен Балкан
Германскиот политичар со босанско потекло, од редовите на владејачката Социјалдемократска партија (СПД), Адис Ахметовиќ е новиот известувач на Бундестагот за Западен Балкан, кој порачува дека за зачувување на мирот во Европа се важни мирот и стабилноста на Балканот, особено во БиХ.
Ахметовиќ, кој е член на комисијата за надворешна политика, го замени досегашниот известувачот на Бундестагот за Западен Балкан, Јосип Јуратовиќ.
Како известувач за Западен Балкан, тој, како што е наведено на неговата веб-страница, ќе води разговори, ќе подготвува мерки и ќе дава предлози за усвојување на одлуки во комисијата за надворешна политика.
Тој во својата функција ќе го информира Бундестагот и за развојот во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово.
– На меѓународен план ни претстојат големи предизвици и среќен сум со новата задача. Нашата цел е социјалдемократските вредности на мирот и разбирањето да ги преточиме во конкретни дела, нагласи Ахметовиќ.
Тој посочи дека зачувувањето на мирот во Европа во иднина не се одлучува само на украинско-руската граница, туку значително и на Западен Балкан, особено во БиХ.
– Сакам активно да работам на зачувување на стабилноста и мирот во тој регион, додаде Ахметовиќ.
Инаку, Ахметовиќ е заменик известувач за регионите на Русија, Јужна Азија, Централна и Источна Европа, како и областите на меѓународната политика за климата, политиката на ресурси, енергијата и заштитата на животната средина.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам