АД ЕСМ: Започнуваме со подготвителни активности за санација на цевководот на мостот „Беласица“
АД ЕСМ почнува со подготвителни активности за санација на цевководот на мостот „Беласица“ во Скопје и уверува дека цевководот ќе биде целосно функционален и ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Град Скопје. Согласно законската обврска на 15 октомври, како што велат од компанијата, радијаторите ќе бидат топли, граѓаните да бидат спокојни, парно ќе има.
-Во текот на изминатите недели, АД ЕСМ активно работи на решение за проблемот со цевководот кај мостот Беласица, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови. Бидејќи мостот е под надлежност на Град Скопје, АД ЕСМ е во постојана комуникација со нив и се бара заедничко решение за санирање на овој проблем, поосочуваат од АД ЕСМ.
Нагласуваат дека поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и додаваат дека ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок.
-Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите, велат од ЕСМ.
Потсетуваат дека минатата грејна сезона кога сите кренаа раце и избегаа од одговорност, АД ЕСМ по задолжение од Владата го презеде и овој товар.
-Доколку АД ЕСМ не ја менаџираше кризата со топлинска енергија во градот Скопје, иако се работи за комунална дејност и обврска на општините, тогаш граѓаните во градот Скопје ќе се грееја на струја и можеби ќе крахираше електроенергетскиот систем во целата држава, порачуваат од компанијата.
Ново на Сител
-
Претседателот на Олимпијакос обвинет за поттикнување насилство во спортот
-
Мастурбирањето е половина машко здравје | Д-р Дејан Огненовиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 072
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра