Абас го обвини Израел за етничко чистење
Палестинскиот претседател Махмуд Абас го обвини Израел за етничко чистење, неколку дена откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го упати истото обвинение против Палестинците.
Абас синоќа го изнесе тврдењето против Израел, кое во минатото повеќе пати го изнесуваше.
Во говорот по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам Абас рече дека е подготвен да продолжи со дипломатскиот процес и да се состане со Нетанјаху за да разговараат за мир, по повикот на двајцата лидери да се состанат во Москва.
Нетанјаху неодамна истакна дека населбите на Западниот Брег не претставуваат пречка за мирот и оти Палестинците сакаат „етнички да ги исчистат“ Евреите од Западниот Брег.
Коментарите на Нетанјаху предизвикаа остри критики на САД, кои таквата терминологија ја окарактеризираа како „непримерна и бескорисна“.
Палестинско-израелските мировни преговори со посредство на САД пропаднаа во 2014 година.
Ново на Сител
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор
-
Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години
-
Косовската полиција во филијалите на српската Поштенска штедилница во северно Косово запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари